BMW премиерно го покажа новиот 128ti
BMW 128ti официјално пристигна како прв хот хеч на компанијата со погон на предните тркала, дизајниран да се најде под M135i xDrive во поставата
Новиот BMW 128ti е подготвен за лансирање во ноември, а со овој модел повторно се оживува ознаката „ti“ (Turismo Internazionale) која беше користена од други спортски модели на BMW како што се 1800 TI, 2002 TI, 323ti Compact и 325ti Compact кон крајот на деведесеттите години.
За напојување на германскиот хот хеч е задолжен 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен мотор на BMW кој во овој случај испорачува 261 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Во комбинација со моторот пристигнува осумстепен Steptronic Sport менувач кој ги придвижува предните тркала, овозможувајќи му на автомобилот да го достигне спринтот до 100 км/ч за 5,1 секунда.
Со оглед на тоа дека има погон на предните тркала, BMW го опреми 128ti со специјално тјуниран M Sport систем на потпирање кој го спушта автомобилот за 10 милиметри, а M одделението се погрижии за сопирачките. Исто така има и потврд anti-roll кој го добива од M135i xDrive. Тука се и поцврстите амортизери за подобрување на спортската возна динамика. Од BMW истакнуваат дека 128ti е 80 килограми полесен од M135i.
На надворешната страна се наоѓаат и неколку додатоци, вклучително и Shadowline тримот со црна решетка и капаци за ретровизорите, уникатен трим на страничните прагови и „ti“ беџ.
Унапредувањата во ентериерот вклучуваат црвени акценти, извесен „ti“ беџ на централниот потпирач за рака, како и контрастни шевови на останатите делови од автомобилот, вклучително и инструменталните панели, како и управувачот.
Цената за BMW 128ti во Германија започнува од 41.574 евра.