fbpx

BMW ја претстави новата Серија 3 Touring

Баварците уште еднаш докажаа дека караван изведбата може да има спортски, привлечен и динамичен изглед

Новата Серија 3 Touring е малку поголема од својот претходник, со должина од 4.709 мм, ширина од 1.827 мм и висина од 1.470 мм. Меѓуоскиното растојание е исто така зголемено за 41 мм, односно на 2.851 мм. Слично како седан изведата, Touring доаѓа со робусен преден дел, агресивни предни светлосни уреди, големи „бубрези“ и покривни шини како стандард.

Преминувајќи кон внатрешноста, новиот BMW Touring доаѓа со ентериер кој го прати тековниот стил на брендот, па така внатре ќе бидете пречекани од ново дизајнираниот спортски кожен управувач и редизајнираните седишта кои ја зголемуваат на удобноста при возење на долги растојанија. Автомобилот вклучува автоматска задна врата и товарен простор кој сега е 112 мм поширок од претходниот модел, со што се добиваат 500 литри багажен капацитет, кој се зголемува на 1.510 литри со преклопување на задната клупа.

BMW Серија 3 Touring

Како што напоменавме, зголемените параметри на автомобилот секако влијаат и на внатрешноста, па така новата Серија 3 Touring нуди дополнителен простор за рамената во предниот дел, зголемен простор во пределот на главите за сите патници и поголем простор за нозете за оние кои се сместени на задната клупа.

Во поглед на погонските агрегати, новата Серија 3 Touring ќе биде достапна со три бензински и три дизел единици. Бензинскиот опсег започнува со две четири-цилиндарски единици, односно 320i Touring со моќност од 184 коњски сили и 258 коњски сили кај BMW 330i Touring. На врвот на листата се наоѓа шест-цилиндарски мотор, кој на BMW M340i xDrive Touring му обезбедува моќност од 374 коњски сили.

Што се однесува до дизел изведбите, постојат две четири-цилиндарски единици во 150 коњска изведба кај 318d Touring и 190 коњска изведба кај 320d Touring. Трет е шест-цилиндарската верзија вградена кај 330d xDrive Touring, која овозможува моќност од 265 коњски сили.

BMW Серија 3 Touring

Гореспоменатите четири-цилиндаерски дизел модели се стандард со шест-степен мануелен менувач, но може опционално да се поврзат и со осум-степениот Steptronic. Сите останати изведби на Серија 3 Touring доаѓаат стандардно со овој осум-степен пренос.

Германскиот производител на автомобили вели дека новиот Touring ќе биде многу поспортски од својот претходник, благодарение на својот низок центар на гравитација и совршената дистрибуција на тежината од 50-50. Ригидноста на телото на автомобилот е исто така зголемена за околу 25 проценти.

Новата Серија 3 Touring ќе располага со неколку нивоата на опременост, како Advantage, Sport Line, Luxury Line и M Sport. Неговата продажба ќе започне на 28 септември оваа година.

Поврзани вести

Back to top button