fbpx

BMW го претстави својот нов дигитален панел

Компанијата BMW ја претстави на специјална манифестација Digital Day, следната генерација на инфо системот iDrive и обновената варијанта на дигиталниот инструмент панел

Прва со нив ќе биде опремена следната генерација на BMW X5, што ќе се појави до крајот на годината. Централниот дисплеј на системот работи согласно оперативен систем OS 7.0, кој може да обликува 10 одделни екрани во 4 различни визуелни стилови. Тие обезбедуваат пристап до најчесто користените функции – на пример, навигацијата, климата, музиката…

Системот е способен да ги обезбеди потребните информации во зависност од посакуваната дејност или од локацијата на автомобилот. Управувањето на функциите може да се одвива со помош на контролер, гестови, гласовни команди и допир.

Сликите на 12,3-инчниот виртуелен инструмент панел потсетуваат на решетката на ладилникот.

Лево е лоцирана километража, а од десната страна – мерач на вртежи и индикаторот за нивото на горивото. Освен тоа на панелот има место за податоци од навигацискиот систем или дополнителни потребни информации, кој возачот сам посакал да ги добива, па и во текот на управувањето на возилото. Во зависност од избраниот режим се менуваат боите на инструмент панелот, а исто така и по желба различни индикатори.

панел

На пример, во спортски режим главна боја е црвена, а се појавува индикатор за забрзувањето на кое е подложено возилото. Од BMW дополнуваат дека се подготвени да интегрираат стандарден 5G за поврзување со интернет во моделите, а тоа ќе се случи до крајот на 2018 година. Системите кои ја обезбедуваат оваа технологија се развиваат заедно со компаниите Audi и Daimler.

панел

Поврзани вести

Back to top button