BMW го претстави својот нов „проектил на патот“!
Германскиот производител BMW официјално го претстави своето ново „набилдано“ купе -М2 Competition
Компактниот спортски автомобил доби 3.0-литарски 6-цилиндерски мотор од поголемите М3 и М4, кој генерира 410 КС. Вртежниот момент на моторот е 550 Nm, a aгрегатот работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен DCT со две спојки. Во зависност од тоа, забрзува од 0 до 100 km/h за 4,2 или 4,0 секунди. Максималната брзина е 250 km/h, но со опционалниот M Driver пакет, ограничувачот може да се премести на 280 km/h.
М2 Competition се разликува од стандардниот BMW M2 и во некои стилски решенија.
Автомобилот доби лесни промени во дизајнот, а исто така издувен систем со 4 црни хромирани цевки и целосно нови 19-инчни фелни со гуми Michelin Pilot Super Sport. Во ентериерот промените се многу помали, нови се спортските седишта, црвеното копче за стартување на моторот, спортски управувач, специјални безбедносни ремени и оригинални предмети од алкатра.
Покрај тоа, BMW M2 Competition доби нов централен, како и два странични „носачи“ и нов систем за ладење. Сето ова е потребно поради поставување на помоќниот мотор под хаубата. Автомобилот, исто така, има подобрен електромеханички систем за управување и ревидиран M-диференцијал. Суспензијата исто така е редизајнирана со алуминиумски компоненти. Системот за сопирање, исто така, е подобрен, при што автомобилот има поголеми дискови – 400mm напред и 380mm позади.