fbpx

BMW против наглото отфрлање на конвенционалните мотори

Првиот човек на баварскиот гигант BMW, Оливер Ципзе, смета дека светот се уште не е подготвен за комплетно напуштање на моторите на внатрешно согорување

Додека BMW се подготвува за лансирање на нови целосно електрични возила во своето портфолио, се уште нема најавено дека ќе продава само електрични возила во блиска иднина, како што е случајот со голем број негови ривали кои најавија дека ќе станат целосно електрични брендови. Во разговор со германската публикација Automobiwoche, Ципзе истакна дека прераното отфрлање на моторите на внатрешно согорување нема да има позитивен ефект на околината.

„Најголемиот пазарен сегмент во апсолутни бројки се убедливо моторите со внатрешно согорување во Германија, но исто така и во Европа и светот. Пред едноставно туку-така да исклучите нешто како ова за осум или десет години, морате да знаете што правите. Поради тоа, ние исто така предупредуваме против тоа да се направи пребрзо и да не дадеме шанса трансформацијата да се развие во согласност со пазарите. Ќе биде штетно едноставно да се откажеме од технологија во која имате позиција на глобалниот пазар без потреба. Не мислам дека тоа ќе помогне во климатските промени или било што друго“, изјави Ципзе.

BMW толку цврсто стои зад своето верување дека во иднина се уште ќе има место за мотори со внатрешно согорување во годините кои претстојат, што работи на целосно нова генерација на мотори, вклучувајќи и бензински и дизел погонски агрегати со шест и осум цилиндри. Овие мотори треба да бидат поефикасни од оние кои ќе ги заменат.

Но, баварската марка вложува многу и во електромобилноста. Всушност, BMW развива целосно нова електроцентрична платформа наречена Neue Klasse која ќе треба да поткрепи плејада нови модели со драматичен дизајн и електрифицирани погонски единици.

Поврзани вести

Back to top button