fbpx

BMW Серија 7 доаѓа со електрифициран погон

Првите шпиунски слики ги потврдуваат гласините кои пред неколку години ја навестуваа Серија 7 со нулта емисија

На приколка, заедно со други BMW модели, автомобилот кој најверојатно ќе се вика i7, има налепница „Electric Test Vehicle“ и отвор за ел. полнач на предниот страничен дел. Покрај тоа, компанијата употребила камуфлажа на предните и задните светлосни единици, што значи дека тие ќе бидат различни од оние кај конвенционалната Серија 7.

Шестата генерација на баварскиот предводник е во производство од 2015 година, а се вели дека наследникот би се појавил кон средината на 2022 година. Дали всушност тестираниот модел е само електрифицирана верзија на тековната генерација или прототипен примерок на идната, останува да видиме.

Сепак, не е тајна дека Серијата 7 со сигурност ќе се електрифицира, а со тоа вкупно ќе бидат понудени три верзии: конвенционална, plug-in хибридна и целосно електрична.

Поврзани вести

Back to top button