BMW ја покажа сериската верзија на „осумката“
Германскиот производител BMW покажа како ќе изгледа новината од Серија 8. Концептната верзија на моделот беше воведена минатата година
Концептната верзија на моделот беше воведена минатата година, а сега Баварците работат напорно на автомобилот што ќе се најде на пазарот наскоро. Компанијата објави дека прототип на моделот веќе се тестира на патеката Aprilia во Италија, со крајна цел да се најдат оптимални поставки на моторот, преносот и суспензијата со патничкиот простор.
Машината е покриена со мала камуфлажа, но може да добие јасна претстава за тоа што ќе претставува.
„Римската патека има совршени услови за интензивни тестови со голема брзина и висока влечна сила, благодарение на долгата 4 километри овална писта со стрмни падини. Покрај тоа, на патеката, има слалом делови на различни површини на патот, каде може да се анализира забрзувањето, запирањето и враќањето , соопшти канцеларијата на прес-службата на баварската индустрија.
https://www.youtube.com/watch?v=9u1d_CRBYK8
Според еден од членовите на одборот на директори на BMW, Клаус Фролих, постигнатите резултати досега се импресивни. Тој е категоричен дека клиентите на брендот ќе добијат вистински спортски автомобил кој ги задоволува највисоките стандарди.
Истовремено со стандардниот модел Баварците работат на BMW M8 GTE тркачка варијанта. Овој автомобил ќе дебитира во трката 24 часа на Дајтона на 27 и 28 јануари, а искуството стекнато од претставувањето на пистите во САД, ќе биде искористено токму за развој на топ-верзијата на новото купе – BMW М8.