BMW со концептот i4 го најави и своето ново лого
BMW го откри своето ново лого кое се совпадна со премиерата на новиот електричен концептен автомобил i4, со што ја продолжи својата традиција
Со промоцијата на новиот електричен автомобил на BMW, кој пред јавноста беше претставен пред неколку дена во дигитална форма, некако тивко и прилично незабележано во тој момент нима и премиерата на новиот амблем на гигантот од Минхен.
Германската компанија BMW го менува својот идентитет во склад со секоја нова генерација, а сега повторно сврте нов лист во својата историја. Процесот на менување на идентитетот започна пред повеќе од 100 години и тој продолжува во оваа 2020 година. Логото на BMW доби нов и освежен дизајн кој е прилагоден на новата база купувачи, помладата генерација на кои им е блиска дигитализацијата, но истовремено претставува и најрадикалната промена во изминатите 100 години.
Логото го задржа истиот облик, но за дизајнот на неговата внатрешност е избран поинаков пристап. Средината и понатаму е со сина и бела боја, но фонтот на буквите сега е нешто поинаков. Надворешниот прстен сега има рамен дизајн и е во бела боја, додека внатрешноста е проѕирна. BMW во својата 103-годишна историја имал пет различни логоа, сите слични меѓусебе, поради што последниот дизајн е радикален пристап на германскиот гигант.
BMW со новото лого ја најавува електричната револуција
Од BMW истакнуваат дека новото лого „ги повикува купувачите да се запознаат со брендот и историјата на неговите производи“. Со промената на визуелниот идентитет BMW сака да изгледа поотворено и попристапно, а воедно е и почеток на електричната револуција на BMW со нивниот концепт i4. На тој начин, BMW i4 продолжува со мисијата за хармонизација на очекувањата на автомобилската јавност со она што навистина се подготвува во баварската компанија.
„М“ ознаката на BMW одделот сега исто така е рамна и претставува 2D интерпретација на „најсилната буква на светот“. Исто така, ознаката „i“ го следи овој пат и има освежен изглед кој ќе биде дел од идното електрично и plug-in хибридно семејство на автомобили.
Така, љубителите на брендот, но и сите останати, ќе имаат повеќе време за прифаќање на стратешките новини во гамата, притоа мислејќи на целокупната „i“ серија, а притоа и очите на публиката ќе добијат шанса за поделикатно и потрпеливо соединување со хипертрофираната маска на ладилникот, коеја сега тежнее кон вертикална поставка, баш како што тоа го правеа и некогаш, последен пат со моделот од E9 генерацијата. Треба да се напомене дека актуелниот облик на логото, на сила е од 1997 година.