fbpx

BMW со нови детали за својата електрична лимузина i4

BMW откри нови технички спецификации за престојниот целосно електричен модел кој баварскиот гигант ќе го лансира на пазарот во 2021. година под ознаката i4

BMW i4 ќе биде придвижуван од електромотор со сила од 523 КС со автономија од 600 километри според новиот WLTP стандард.

Само за пример, електричниот SUV модел на BMW – iX3, има автономија од 400 километри, а компаративните модели на Tesla, Mercedes и Audi имаат автономија од 400 километри според WLTP мерењата.

Опремен со батериско пакување со капацитет од 80 kWh, BMW i4 од 0 до 100 километри на час ќе стигнува за околу четири секунди, додека максималната брзина ќе биде преку 200 km/h, тврдат во Минхен.

Во зависност од перформансите и автономијата, i4 ќе биде достапен и со поголеми батерии. Инаку, i4 ќе ги користи новите батерии од петтата генерација на BMW, како што ги нарекуваат во Минхен, кои се значително помали од третата и четвртата генерација кои компанијата ги користи во актуелните електрични автомобили.

Овие батерии од петтата генерација исто така се посилни, помоќни, што значи дека можат подобро да се справат со ситуациите за брзо полнење. Платформата на која ќе биде базиран електричниот i4 ќе поддржува капацитет на полнење до 150 kW. Тоа ќе овозможи полнење на батеријата до 80 проценти од капацитетот за околу 35 минути, што значи 100 километри автономија за секои шест минути полнење.

BMW го дизајнираше i4 со цел да ја пополни празнината меѓу неговите пионерски електрични модели i3 и i8, како и традиционалните лимузини од Серија 3 и Серија 5.

BMW досега продаде повеќе од 300.000 електрични автомобили ширум светот, но штотуку започна да го форсира тој сегмент.

Поврзани вести

Back to top button