fbpx

BMW со тизер го најави својот нов iDrive систем

BMW слави 20 години iDrive и за таа цел го најави новото поглавје на брендот кога станува збор за екраните и интеракцијата во автомобилите

На годинешното издание на CES, кое се одржува од 11 до 14 ноември во исклучиво дигитална форма, BMW ќе прослави две децении од постоењето на својот iDrive. Поради ова, баварскиот гигант се пофали со новата генерација на своите екрани во автомобилите како и интеракцијата меѓу возачот и возилото.

Германскиот производител објави тизер видео во кое го прикажува својот најнов iDrive систем кој е поставен во BMW iX, претставувајќи ја притоа и првата генерација која се наоѓа во E64 Серија 7 од 2001 година.

BMW отсекогаш важел за пионер кога станува збор за новата технологија за масивно производство. Во 2004 година стана првата автомобилска компанија која претстави head-up екран кој проектира информации на предното стакло во директна видливост на возачот. Подоцна, во 2005 година, ја претстави и контролата со гестови.

Најновата итерација на iDrive се очекува да ја исполни празнината меѓу аналогното и дигиталното, како што може да се види и во целосно електричниот iX кросовер.

iDrive

Како што велат од BMW, ова е „најава за уште една промена во парадигмата, бидејќи бројот на достапни функции во автомобилот и нивната сложеност продолжуваат постојано да растат“.

Исто така, благодарение на дигиталната интелигенција и оптимизираните сензори, автомобилите на BMW сега имаат пристап до уште повеќе информации отколку возачот, во некои ситуации. Еден пример за тоа е како најновиот iDrive систем може да прими и прикаже предупредувања за опасност, притоа правејќи предвидувања кои се однесуваат на достапноста за паркинг простор на одредена дестинација.

„Следната генерација на BMW iDrive е подготвена да го користи потенцијалот на интелигентно поврзаното возило повеќе од било кога и со тоа го прави мобилното искуство уште побезбедно, поудобно и посигурно, па дури и побогато со различност“.

Поврзани вести

Back to top button