fbpx

BMW Vision предвесник на iNext

BMW планира да го лансира во 2021 година електричниот предводник iNext, кој треба да биде олицетворение на технолошкиот развој на брендот во следната деценија

Засега Баварците, за оваа цел, работат под полна пареа врз концептот Vision, кој ќе биде претставен подоцна оваа година и ќе ни покаже што да очекуваме од серискиот iNext. Силуетата на концептот сугерира дека може да очекуваме SUV со агресивно оформени браници, навалување на покривот и „кратка задница“. Всушност, подолго време се смета дека серискиот iNext навистина ќе е SUV, со големина на актуелниот X5 и ќе нуди удобно патување за пет лица и нивниот багаж.

iNextBMW развива различни варијанти на батериите, со кои ќе биде опремен iNext, кај онаа со моќност од 60 kWh се очекува автономијата да е 450 километри, а кај 120 kWh – до 700 километри. Слична е и комбинацијата на електромотори со кои ќе биде управуван, претпоставувајки дека моќноста ќе им се движи од 134 до 443 коњски сили. И новата платформа ќе може да понуди варијанта со три електрични мотори со вкупна моќност од 800 коњски сили.

Сигурно iNext ќе излезе на пазарот и со систем за автономно движење, како и со сите нови технологии кои компанијата ги развива за следната генерација модели.

 

Поврзани вести

Back to top button