fbpx

BMW, VW и Renault се спротивставија на новите тестирања за емисии

Тројца водечки производители на автомобили во Европа - BMW, VW и Renault предупредија дека новите постапки за тестирање на емисиите на мотори, кои се воведуваат во Унијата, ќе имаат негативно влијание врз производството и нивната финансиска работа, објави Automotive News

Баварците веќе најавија дека во мај тие ќе престанат со производство на некои модели за да ги направат потребните промени на нивните мотори. Мерката ќе влијае на различни верзии на Серијата 7, како и кросоверите X1, X2, X5 и X6. Портпаролот на BMW коментираше дека прекинувањето на производството може да трае од неколку недели до неколку месеци, во зависност од моделот.

BMW, VW и Renault

Во исто време, групата Volkswagen ги призна потенцијалните потешкотии во тестирањето на своите автомобили под новиот WLTP систем. Главниот финансиски директор на Групацијата. Арно Антлиц. изјави дека германскиот производител се соочува со „сериозни финансиски проблеми” поврзани со воведувањето на новата методологија.

За такво нешто, главниот извршен директор на Renault, Карлос Гон, предупреди дека WLTP системот ќе има влијание врз неговата компанија во периодот септември 2018 – април 2019 година.

BMW, VW и Renault– Сè уште не сме свесни за тоа колку новите методи за истражување ќе нè чинат, бидејки не е познато дали ќе бидат одобрени. Ние не сме свесни за тоа колку брзо тоа ќе се случи. Во секој случај, сепак, ќе мора да платиме висока цена за да додадеме нови технологии и опрема, рече Гон.

Новата WLTP тест методологија ја замени досегашната NEDC, а сите возила произведени по септември 2018 година мора да бидат тестирани пред да бидат ставени во продажба. Новиот протокол вклучува мерење на емисии за време на сообраќај во реално време, што ќе се спореди со нивоата добиени при лабораториско мерење.

Поврзани вести

Back to top button