BMW заработува најмногу од секој продаден автомобил
Концернот BMW е најпрофитабилен производител на автомобили во светот. Oва го потврдува истражувањето на консултантската фирма Ernst & Young (EY), во однос на оперативната добивка
Оперативната добивка на Баварците за 2017 година е 10%, што значи дека за секој приход од 100 евра од продажба на автомобил остануваат за компанијата 10 евра. На второ место е Сузуки со 9,8%, што е скок за едно скалило погоре за Јапонците, кои во рангирањето од претходната година, беа трети зад BMW и Daimler. Германците паднаа за едно место подолу и нивната опреативна добивка е 8,9%.
Најголемиот производител во Германија, Групацијата Volkswagen, е на 8-та позиција, со 6%. Бројките се однесуваат на целата активност на производителите, која исто така вклучува и обезбедување финансиски услуги за клиентите. Ако се пресметува само активноста на автомобилските поделби, сликата е малку поинаква. Во Daimler, нето профитабилноста е 9,6%, додека за BMW 8,9. Резултатот на Volkswagen е 5,9%, но тука не се дадени показателите од остварувањето на кинеската поделба на концернот, бидејќи тоа е посебна компанија.
Студијата на Ernst & Young (EY) покажува дека во 2017 година водечките 16 автомобилски производител во светот реализирале вкупен профит од 104 милијарди евра.
Ова е 12,4% повеќе од 2016 година. Експертите, меѓутоа, сметаат дека индустријата во 2018 ќе претрпе одредни падови, бидејќи производителите ќе треба да одвојат милијарди за инвестиции во електрични и еколошки модели, со што ќе се намалат приходите.
„Сега инвестирањето во електрични возила е фиктивна загуба за бизнисот за повеќето производители, но кој не инвестира во оваа технологија, ќе се покаже со време како недостаток во остварувањето на посакуваните приходи“, коментира експертот од Ernst & Young, Петер Фус.