Bosch: Електричната мобилност е бизнис од милијарди долари!
Автомобилската индустрија претрпува брзи промени во областа на електромобилноста, што исто така бара да се менуваат добавувачите како што се ZF, Bosch или Schaeffler
Ова е и возбудливо и профитабилно поле, како што може да се види од примерот на Bosch. Според компанијата, од почетокот на 2018 година, таа добила нарачки во вредност од околу 13 милијарди евра поврзани со полето на електромобилност, вклучително и проекти на серии за електричен погон на автомобили и лесни комерцијални возила.
„Трансформацијата на мобилност претставува предизвик – но и можност“, вели Фолкмар Денер, претседател на Управниот одбор на Bosch. – „ Bosch се приближува кон иднината на оваа технологија, додека продолжува да развива конвенционални погонски системи, а воедно ja унапредува електрификација, автоматизација, вмрежувањето и персонализација на мобилноста“.
Клучен сектор за компанијата е електрониката и софтверот. Во моментов, повеќе од 14.000 развивачи на софтвер се вработени во единицата за мобилност и три милијарди евра се инвестираат годишно во експертиза за софтвер. Целта е да им се овозможи на луѓето да останат мобилни во склад со околината и да можат да си дозволат мобилност што им е потребна.