fbpx

Bosch и Volkswagen направија нов дигитален панел

Ставањето на виртуелна табла на местото пред возачот, стана мода за производителите

И ако до неодамна екранот можеше да се види само во автомобили од премиум-сегментот, тие веќе се вообичаени и кај модели од пониските класи. Сепак, напредокот не застанува таму, компанијата Volkswagen е подготвена со нов вид на екран што е заоблен.

Всушност, технологијата е создадена од компанијата Bosch, а првиот модел, на кој ќе биде поставен овој необичен екран со дијагонала од 12,3 инчи ќе може да се види во салонот на Volkswagen Touareg.

Bosch

Креаторите на инструмент панелот тврдат дека тој се прилагодува многу лесно, а на него можат да бидат прикажани многу повеќе од брзината и вртежите, како навигација, листа на телефонски броеви, па дури и листи со песни. Податоците од екранот се управуваат или од инфо забавниот систем или од самиот волан.

Покрај тоа, новата технологија ја зголемува безбедноста на возилото на кое е вградено. За време на тестовите било утврдено дека токму информациите од заоблениот екран се прифаќаат полесно од возачот и затоа тој може навреме да ги забележи предупредувачките пораки и да реагира на нив.

Друга предност на новиот екран е помалиот сјај што го дава. Ова се постигнува со помош на тенок слој на течност, изграден помеѓу екранот и заштитното стакло. Ги апсорбира светлинските бранови и не ги одразува.

Поврзани вести

Back to top button