Brabham BT62 Competition е подготвен за тркачките патеки
Brabham го комплетираше првиот BT62 Competition модел кој е испорачан во Велика Британија каде ќе се натпреварува во 2020 Britcar Endurance Championship
Пред две години на сцената и официјално се врати Brabham кој е најпознат од светот на Formula 1 и тоа во вид на компанијата Brabham Automotive и нивниот веќе најавен супертспортски автомобил BT62 кој е проект на Дејвид Брабам. Во меѓувреме започна и производството на тркачкиот модел Brabham BT62 Competition чиј прв примерок е наменет за британскиот тим Horsepower Racing.
Brabham го опишува моделот BT62 Competition како „најфокусираниот тркачки хиперавтомобил на светот“, а се очекува овој автомобил да ги воодушеви навивачите во престојната сезона како дел од тимот на Horsepower Racing и возачот Рос Вајли. Рачно изработен од страна на тим експерти кои во минатото биле дел од најголемите имиња во автомобилската индустрија, вклучително Ferrari, McLaren, Aston Martin, Koenigsegg, Tesla и General Motors, моделот BT62 Competition е ограничен на само 70 примероци.
BT62 Competition моделот има почетна цена од 750.000 фунти во Велика Британија и поседува шасија направена според FIA стандардите. Исто така, може да се пофали и со on-board податоци и телеметриски систем, управувач со телематски карбон, каросерија изработена од карбон, лесни тркала и сопирачки со висока технологија.
Сите модели на Brabham BT62 Competition се напојувани со 5,4-литарски V8 мотор кој произведува 700 КС и 666 Nm максимален вртежен момент кои се испорачуваат на задните тркала преку шестстепен секвенцијален менувач. Овој тркачки автомобил, кој веќе стана познат поставувајќи рекорд на Mount Panorama патеката и The Bend-West патеката во Австралија, тежи само 972 килограми.
По испорачувањето на првиот BT62 Competition, Brabham во следните месеци ќе се насочи кон производство на модел наменет само за тркачките патеки, но и за верзија која ќе биде легална за цивилните патишта, наменет за пазарите во Австралија, Нов Зеланд и Европа.