fbpx

Brabus ги следи трендовите и го претстави електричниот Ultimate E

Познатата тјунерска компанија го претстави моделот Brabus Ultimate E кој е базиран на електричниот Smart EQ ForTwo Cabrio

Brabus со текот на времето стана синоним кај автомобилските ентузијасти за моќен, „нашминкан“ и унапреден Mercedes кој добил третман, унапредени перформанси и луксузна внатрешност од германскиот тјунер. Сепак, оваа компанија веќе со години ги третира и автомобилите од марката Smart, која исто како и Mercedes е во сопственост на Daimler. Така, сега го претстави и електричниот Brabus Ultimate E.

Така, минатата година Brabus во Франкфурт го претстави Ultimate E проектот кој претставува тјуниран Smart, а сега откако моделот мина низ освежување и редизајн и во целост прејде на електричен погон, во Brabus одлучија да се позанимаваат и со електричниот модел Smart EQ ForTwo Cabrio. Автомобилот е унапреден со соодветни аеродинамички додатоци, специјални 18-инчни Monoblock Y фелни, додека внатрешноста е обложена со висококвалитетна кожа.

Brabus му обрна внимание и на електромоторот кој е унапреден на 92 КС и 180 Nm максимален вртежен момент, благодарение на што овој Smart од нула до „стотка“ стигнува за 10,9 секунди. Сепак, максималната брзина е ограничена на 130 километри на час, со цел што е можно подолго да се зачуваат резервите на електрична енергија во батериите.

Возачот на располагање има четири режими на возење, вклучувајќи и Sport+ кога погонските батерии се изложени на екстремно брзо празнење со цел да се испорача максималниот ефект. Од Brabus соопштуваат дека со едно полнење на батеријата овој Ultimate E модел има автономија од 125 километри.

Иако станува збор за најевтина доработка од страна на Brabus, основната цена на ова возило без пресметан данок изнесува 49.449 евра, а планирана е лимитирана серија од само 50 примероци.

Поврзани вести

Back to top button