fbpx

Брекзит веќе има негативно влијание врз Jaguar Land Rover

Неизвесноста во врска со развојот на британската економија по Брекзит, како и намалувањето на продажба на дизел автомобилите, веќе се одразуваат негативно на работењето на Jaguar Land Rover (JLR)

Компанијата со седиште во Велика Британија планира да го намали бројот на работниците и да го смали производството. Поголем број од вработените ќе бидат од погоните во Касл Бромвич и Солихел. JLR го објави својот официјален став, но сепак не потврди колку вработени ќе бидат отпуштени и напомена доколку се појави и мала шанса за подобрување на позициите на компанијата на пазарот, веднаш ќе следат нови вработувања.

Инаку и покрај проблемите на Островот, компанијата потврди дека нема намера да ги затвора британските фабрики, во кои од 2010 година инвестирани се над 4 милијарди фунти.

На годишна основа, за последната 2017-та, продажбата на Jaguar и Land Rover забележа двоцифрен раст, но за првиот квартал од оваа година падот кај Land Rover е 20%, а кај Jaguar 26%, споредено со остварувањата за овој период лани. Jaguar веќе го намали производството во фабриката во Хејлуд, како одговор на намалувањето на побарувачката.

JLR

Поврзани вести

Back to top button