Brexit сериозно ги вознемири европските производители
Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) очекува сериозни пазарни проблеми поради излезот на Велика Британија од ЕУ
Организацијата ги повика преговарачите на ЕУ за прашањето со Обединетото Кралство итно да се обратат внимание на некои специфичности во автомобилскиот сектор, бидејки ACEA верува дека претстојниот Brexit може да доведе до „катастрофални последици за целиот процес на испорака на возила”. Во официјалното соопштение се вели дека во Здружението сакаат да знаат под кои услови ќе можат да продаваат автомобили по напуштањето на Велика Британија на Унијата, како за британските автомобили во Европа, така и произведени во земји од ЕУ на пазарот на Островот.
Проблемот е во законодавството кое бара сите автомобили произведени во ЕУ да бидат проверени од националните технички служби. Автомобилите мора да се усогласат со релевантните безбедносни и еколошки сертификати кои важат за сите земји на ЕУ.
Претставниците на организацијата се на мислење дека земјите од ЕУ и Велика Британија мора да ги прифатат потребните документи и со тоа да ги усогласат стандардите за емисии.
Специјалистите од ACEA сметаат дека по Brexit е сосема можно да се воведе царини, кои ќе ги поскапат автомобилите од ЕУ при нивната продажба на Островот, со што ќе го успорат нивното производство.