Британци ќе го прават најбрзиот SUV во светот
Ревитализираната британска компанија Lister Cars, позната по своите тркачки автомобили од сериите Ле Ман, планира да направи најбрз кросовер во светот
Тој ќе биде изграден врз основа на моделот Jaguar F-Pace SVR, а ќе се вика Lightning (молња). Британците покажаа прв тизер на моделот, а изданието Autocar, кој се повикува на свои извори, тврди дека моќноста на машината ќе биде околу 680 КС. Предвидено е производството на 250 вакви возила, а главен конкурент на пазарот ќе биде Lamborghini Urus.
Стандардната верзија на Jaguar F-Pace SVR е опремен со бензински 5.0-литарски V8 мотор кој развива 550 КС.
Со овој мотор забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,1 секунди, слично на Porsche Macan Turbo, но отстапува на Mercedes-AMG GLC 63 S и Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio. Максималната брзина на набилданата F-Pace е 283 km/h.
Ова е најбрзиот кросовер на британскиот бренд и покрај фактот дека неговата тежина е 2.070 kg. Во јануари Lister го покажа својот прв модел за последните 25 години – купе, направено врз основа на Jaguar F-Type SVR. Се нарекува Thunder и е опремен со 5.0-литарски V8 со компресор. Моќноста на моторот се зголеми од 575 до 675 КС.