LEVA проектот на Lotus финансиран од британската влада
Lotus Cars има уште еден проект на кој ќе работи покрај Evija целосно електричниот хиперавтомобил, а сето тоа благодарение на британската влада
Lotus Evija, кој се одликува со моќност од 2.000 КС, ќе служи како технолошки приказ и знаменосец на брендот, но британскиот производител има планови да произведе и помалку ексклузивни електрични спортски автомобили исто така, а тоа ќе го направи со финансирање од страна на владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Компанијата соопшти дека инженерското партнерство кое го предводи доби поддршка и финансирање од страна на владата на Велика Британија со цел да развие целосно нова платформа за батериски електрични возила од новата генерација.
Потврдено денеска од Advanced Propulsion Center (APC), финансиите се доделени како дел од ARMD натпреварот на APC. Добитната апликација е наречена LEVA, која стои за Lightweight Electric Vehicle Architecture, и ќе биде финансирана од департманот за бизнис, енергија и индустриска стратегија (BEIS) во британската влада.
Според Lotus, проектот таргетира „забрзување и иновација на нови лесни структури за електричните возила од следната генерација“. Според информациите, LEVA ќе ги инкорпорира најновите и најдобрите инженерски и дигитални производствени експертизи во Велика Британија, што ќе служи како „приказ за пионерската нова BEV шасија и концепти за погон“. Со цел да успее проектот, Lotus ќе соработува со партнерот за снабдување Sargisons Industries и водечките академици од Brunel University од Лондон.
Архитектура од новата генерација
„Ова се одлични вести за нашата индустрија и транзицијата кон електрификацијата. Во соработката меѓу Lotus, Sarginsons Industries и Brunel Unversity од Лондон постои големо богатство на таленти и ние сме возбудени што веќе го започнавме проектот“, изјави Мет Виндл, извршен директор за инженерство во Lotus.
„По лансирањето на Lotus Evija, нашиот целосно електричен хиперавтомобил, овој проект е клучен дел во нашата визија да доставиме целосен опсег на електрифицирани Lotus перформансни автомобили за возачите. Финансирањето од оваа природа е клучно за стимулирање на автомобилската индустрија и ланецот на снабдување со тоа што двете продолжуваат да се прилагодуваат во рапидно променливиот предел“.
Ова е се што Lotus го споделува во моментов засега, но од компанијата ветија повеќе детали ќе пристигнат во следниот период.