Bugatti најави нов модел со цена од 5.000.000 евра
Изненадувачки, Bugatti објави дека компанијата ќе пушти во продажба нов модел кој ќе биде произведен во исклучително лимитирана серија од само 40 примероци
Новиот модел на Bugatti ќе се вика Divo (во чест на познатиот француски пилот Албер Диви) и со него компанијата ќе се обиде да ја оствари желбата „да ги фасцинира сите луѓе во светот”. Divo ќе биде претставена за прв пат во светот на 24 август за време на The Quail – A Motorsports Gathering во Калифорнија, во САД.
Моделот ќе се карактеризира со експресивен дизајн, лесна конструкција и импресивна динамика. „Среќата е зад аголот, треба само да свртите?! Divo е зад аголот! “, коментира Стефан Винкелман, претседател на Bugatti Automobiles S.A.S.