fbpx

Bugatti го покажа најскапиот автомобил во историјата

Уште еднаш француската марка Bugatti покажа дека е незаменлива при создавањето на уникатни луксузни и супермоќни автомобили

На автосалонот во Женева компанијата го претстави уникатниот La Voiture Noire, од кој е направен само еден примерок по нарачка на голем фан на брендот.

„Вистинската форма на луксуз е индивидуалноста, а La Voiture Noire е на врвот на автомобилското производство. Тој е скулпторска убавина со уникатна технологија – совршено постигната хармонија што ја комбинира удобноста на луксузна лимузина со силата и карактерот на спортски хипер автомобил“, коментира претседателот на Bugatti – Стефан Винкелман.

Bugatti

Со Bugatti La Voiture Noire компанијата ја одбележува својата 110-годишнина, а возилото претставува и потсетување на легендарниот Type 57 SC Atlantic, создаден од основачот на брендот Жан Бугати во 30-тите години на минатиот век. Секој елемент од моделот е направен на рака, а каросеријата е целосно од карбон. Дизајнот на возилото е дело на Етјен, кој исто така смета дека тоа е совршено возило.

Под капакот на хипер моделот е познатиот 16-цилиндричен мотор со работна зафатнина 8.0 литри. Неговата моќност е 1500 КС, а максималниот вртежен момент е 1600 Nm. Автомобилот чини точно 11 милиони евра без даноци, а со нив се очекува да надмине 16 милиони евра, што го прави најскапиот нов автомобил за сите времиња. Не се соопштува името на новиот сопственик но, според гласините, тоа е Фердинанд Пих – внук на Фердинанд Порше и поранешен шеф на концернот Volkswagen Group.

 

Поврзани вести

Back to top button