fbpx

Bugatti подготвува „контроверзна” верзија на Chiron

Францускиот производител Bugatti подготвува специјална верзија на својот супер автомобил Chiron, објавена на YouTube, од блогерот Whitesse JR, кој ја опишува како „многу чудна и контроверзна"

Машината е прикажана на избрани клиенти на посебен настан во Беверли Хилс. Од Whitesse JR објаснуваат дека тие и сите други кои присуствувале на настанот потпишале документ за доверливост и не смеат да откриваат детали. Затоа е познато само дека специјалната изведба  на овој Chiron ќе биде ограничена. Моќната единица на supercar изданието 8.0-литарскиот W16 со 4 турбини, нема да се промени и ќе ја задржи својата ефикасност – 1.500 коњски сили и вртежен момент од 1600 Nm. Motor1 Edition тврди дека автомобилот е контроверзен поради промени во дизајнот.

Од Bugatii се очекува да понудат нови комбинации на бои, како и дополнителни материјали за специјалниот Chiron.

Поврзани вести

Back to top button