fbpx

Byton побарува дополнителни 400 милиони долари за старт

Кинеската компанија Byton, која претстави интересен концепт на електричен SUV модел на изложбата на CES во Лас Вегас, почна активно да собира финансии за да започне со производство и како велат финишираат со ова

Интересно е тоа што компанијата беше основана од поранешни извршни директори на BMW и високи претставници, а новата рунда на финансирање има за цел да привлече 400 милиони долари. Точната сума и детали околу побарувачката за ново финансирање доаѓаат од извори блиски до компанијата, кои претпочитаат да останат анонимни, истакнува Bloomberg, но тврдат дека побарувањата ќе се реализираат?!
Byton

Byton, кој до неодамна го носеше името Future Mobility, навистина го сврте вниманието со интересниот SUV концепт, кој ќе го користи препознавањето на вашето лице за да ги отклучи вратите. Компанијата објави дека моделот ќе биде достапен на пазарот следната година по основна цена од 45.000 долари и ќе му конкурира на Tesla Model 3, кој чини околу 35.000 долари.

Сепак, компанијата не ги собра потребните средства за старт на производството, но нејзините шефови упорно одбиваат да го потврдат новиот круг на финансии. Не е тајна дека Byton досега доби 200 милиони долари од групацијата Suning Holdings и неколку кинески компании во државна сопственост.

Byton

Поврзани вести

Back to top button