fbpx

C7 Corvette Final Edition конечно во Европа

Chevrolet Europe го претстави новиот C7 Corvette кој ќе се продава во Германија и Швајцарија

Брендот новите модели C7 Corvette Grand Sport и C7 Corvette Z06 ги претстави во средата. Corvette Final Edition ќе бидат опремени со Brembo сопирачки, спортски седишта, внатрешност обложена во црна кожа и надворешност во две бои и тоа Sebring Orange Tintcoat Metallic и Ceramic Matrix Gray Metallic.

Благодарение на одличната динамика на возење, тркачките перформанси Corvette стана препознатлива спортска икона. C7 Corvette Grand Sport моделите ќе имаат 6.2-литарски LT1 V-8 мотор, а во Германија ќе се нудат по цена од 116.500 евра и 130.000 швајцарски франци во Швајцарија. C7 Corvette Z06 Final Edition кој е опремен со LT4, 6.2-литарски V8 мотор и 650 коњски сили во Германија ќе биде достапен со почетна цена од 139.500 евра.

Corvette Final Edition

Сите верзии ќе имаат 8-брзински автоматски менувач, додека пак купувачите кои се одлучат за Z07 пакетот кој вклучува аеродинамични делови и гуми Michelin Pilot Sport Cup 2, ќе можат да изберат 7-брзински мануелен менувач. Потпаролот на Chevrolet, посочи дека моделите на Corvette Final Edition е ограничено на 140 примероци. Сеуште не се знае дали C7 Corvette Final Edition ќе се продава во САД.

Поврзани вести

Back to top button