Цитроен го става електричниот мотор C4 Cactus
Mинатата година Citroen го обнови C4 Cactus, но најпопуларниот модел има потреба од значително реновирање. Тоа ќе се случи во 2020 година, кога францускиот производител планира да лансира нова генерација на возилото.
Според информации на Carscoops, новиот C4 Cactus ќе премине од сегашната платформа PF1 на новата – CMP која ќе се користи и од друти модели на PSA Group. Шасијата ќе овозможи поставување на електромотор на моделот, а според некои информации кросоверот ќе стане целосно електричен.
Ваквиот потег ќе го позиционира Citroen C4 Cactus во дел од стратегијата на PSA за нудење на целосно електрифицирани и хибридни верзии на сите модели на компаниите Citroen, DS, Peugeot и Opel / Vauxhall во 2019 година.
Сепак не е исклучено, новата генерација на C4 да продолжи да се нуди и со стандардните бензински и дизел мотори.