fbpx

Новиот суперлуксузен седан на Cadillac на пазарот во 2021 година

Компанијата Cadillac подготвува сериска верзија на концептниот модел Escala, кој беше прикажан во 2016 година

Според информација на весникот Autoline Network, новиот суперлуксозен седан ќе се појави на пазарот во 2021 година, а негово производство ќе биде во фабриката во Детроит.

Идниот предводник на компанијата ќе биде изграден на платформата Omega која се користи за најголемиот седан на Cadillac – CT6, но ќе се распореди над него во палетата на брендот. Прототипот Escala беше опремен со 4,2-литарски твин-турбо V8 мотор со моќност од 500 КС. Концептниот модел доби индикациска оптика и 22-инчни фелни. Ентериерот на Escala е направен целосно рачно од експертите на компанијата. Во ентериерот на Cadillac Escala впечаток остваат 3 големи OLED-екрани.

Escala

Според некои информации, новиот седан на американската компанија ќе излезе на пазарот под името CT9. Очекувањата се топ-верзијата на моделот да чини повеќе од 300.000 долари. Голем дел од стилистички решенија на прототипот ќе бидат искористени и за обновената везија на Cadillac CT6, што треба да се појави на пазарот во САД до крајот на годинава. Обновеното издание ќе ја добие истата маска на ладилникот, како и нова оптика, други браници и спортски издувен систем.

Escala

Поврзани вести

Back to top button