fbpx

Cadillac Lyriq претставен во продукциска форма

Cadillac полека транзиционира кон целосно електричен бренд, а тој процес е веќе започнат, откако компанијата го претстави новиот електричен SUV Lyriq

Првично претставен минатата година во концептна форма, продукциското издание на Cadillac Lyriq на салонот во Шангај ја доживеа својата премиера, а производствениот модел е „кулминација на вековна иновација и почеток на една нова голема ера“. Како што може да се забележи, продукцискиот Lyriq е мошне сличен со коцептот, со оглед на тоа дека добива црна кристална решетка со осветлен амблем и светла кои се активираат во кореографска секвенца. Моделот исто така има и тенки LED светла и ревидиран преден браник.

Продукцискиот модел ги задржува карактеристичните задни светла кои се протегаат на целиот заден дел од автомобилот и се протегаат се до C-столбовите. Моделот исто така доаѓа стандардно со 20-инчни, а како опција ќе се нудат 22-инчни тркала.

Електричниот SUV е долг 4.996, широк е 1.977, а висок е 1.623 милиметри, додека меѓуосовинското растојание се протега на 3.094 милиметри. Тоа овозможува голема пространост во внатрешноста, која пак е изработена на врвно ниво и со високо квалитетни материјали. Возачите се седнати зад целосно новиот управувач, а тука е и „слободниот“ екран со големина од 33 инчи. Покрај ова, забележлива е и „лебдечката“ централна конзола и потенките отвори за вентилација. Моделот се одликува и со ласерски гравиран дрвен и метален трим како и AKG Studio аудио систем со 19 звучници.

Lyriq

Покрај луксузниот дизајн, кабината е пространа со 1.006 милиметри простор за нозете, а моделот исто така има и багажен капацитет од 793 литри, кој може да се прошири до 1.723 литри со поклопување на задната клупа.

При лансирањето Lyriq ќе пристигне со 100 kWh литиум-јонска батерија и електромотор поставен на задната страна кој ќе испорачува 345 КС и 440 Nm вртежен момент. Од Cadillac не открија колку брз ќе биде кросоверот, но истакнаа дека би требало да помине повеќе од 480 километри со едно полнење.

Lyriq

Производството почнува во 2022

Кога станува збор за полнењето, Lyriq пристигнува со 190 kW DC брзи полначки способности. Тоа му овозможува на кросоверот да добие опсег од 120 километри за 10 минути полнење, односно над 310 километри за половина час.

Иако Lyriq при лансирањето ќе пристигне единствено со погон на задните тркала, од Cadillac потврдија дополнителни варијанти. Иако не споделија конкретни детали, се очекуваат две верзии со погон на сите четири тркала, од кои едната е перформансна варијанта.

Инаку, Lyriq ќе понуди возење со една педала, како и варијабилна Regen On Demand технологија. Ова им овозможува на возачите на користат лопатка која е чувствителна на притисок и е поставена на управувачот, а служи за контролирање колку брзо возилото ќе успорува или застанува. Моделот исто така ќе биде понуден и со Super Cruise полуавтономниот возачки систем, кој овозможува возење без раце на повеќе од 321.000 километри автопати во САД и Канада.

Резервациите за моделот ќе бидат отворени во септември, а цената започнува од 59.990 долари.

Поврзани вести

Back to top button