Cadillac подготвува ривал на BMW X3
Cadillac ќе го претстави својот најмал и најприфатлив кросовер модел XT4 на салонот во Њујорк, на крајот од март
Со промоцијата на новиот модел компанијата ја дополнува програмата на кросовери за САД, а ќе се користи и за зајакнување на пазарите преку Океанот.
Сепак, сè уште нема информации за XT4 во целост, за неговиот погон и технологиите вградени во моделот. Секако, XT4 ќе биде позициониран под XT5, кој сега е најмалиот модел на брендот, а во Cadillac се надеваат дека благодарение на новиот модел ќе се продаваат повеќе автомобили во Кина.
XT4 ќе се произведува во фабриката на General Motors во Канзас, каде што исто така се составува и Chevrolet Malibu. Проектот за компактниот кросовер беше одобрен од шефовите на Cadillac кон крајот на 2015 година, а уште тогаш една од целите беше зајакнување на присуството на брендот на кинескиот пазар.