Царините ќе значат губење на илјадници работни места во САД
Двете најголеми групаци кои ги обединуваат производителите на возила во САД ја предупредија администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека воведувањето на царини од 25% при увоз на автомобили ќе предизвика отпуштање на стотина илјади работници и зголемување на цените на возилата
Коалицијата која ги вклучува главно странските производители: Toyota, Volkswagen, BMW и Hyundai, посебно апострофира на проблемите со кои ќе се судрат тие и купувачите на возила. Затоа порачуваат добро да се преиспита дали покренатиот од администрацијата на САД, увоз на возила претставува опасност за националната безбедност, или тоа ќе претстои допрва ако бидат воведени одредени тарифи, како што е најави претседателот Трамп.
„Многу повеќе штета на американската автомобилска индустрија би и нанела одлуката за воведување на царини, отколку тоа да не се оствари.“
Објави Глобалната асоцијација на произведени автомобили. Понатаму во соопштението се вели дека ова ќе придонесе за зголемнување на цените на возилата, а со тоа ќе се ограничи изборот на купувачите и самото тоа ќе придонесе и за намалување на производството.
„Не, нема да се зголеми бројот на вработените, туку како последица на ова напротив, ќе се намали. И таа бројка нема да биде мала, туку без работа ќе останат повеќе стотици илјади луѓе, кои се дел од погоните каде се произведуваат автомобили, камиони, мотори, резервни делови…“