fbpx

Карлос Таварес на чело на ACEA

Одборот на директори на ACEA го назначи Карлос Таварес, претседателот на PSA Group, за свој претседател за следната календарска година

-Главните приоритети за 2018 година се поставување на амбициозен, но реален пат кон намалувањето на CO2 емисиите, дополнително нагласување на статистиката во однос на безбедноста и заштитата и подобрување на конкурентноста на европската автомобилска индустрија, коментира Таварес.

ACEA

Карлос Таварес на местото претседател на ACEA, доаѓа како замена за Дитер Цеце, кој беше на чело на асоцијацијата два последователни едногодишни мандати. Во Здружението на автомобилски производители во Европа влегуваат 14 базирани во Европа производители на автомобили, комерцијални возила, камиони и автобуси, вклучувајќи ги: BMW Group, DAF Trucks, Daimler, Fiat Chrysler Automobiles, Ford Europе, PSA Group, Hyundai Motor Europe, Iveco, Jaguar Land Rover, Renault Group, Toyota Motors Europe, Volkswagen Group, Volvo Cars и Volvo Group.

Поврзани вести

Back to top button