fbpx

Целосно дигитален инструментален панел за SEAT Ibiza и Arona

По Leon и Ateca, веќе и помалите модели на SEAT, Ibiza и Arona, можат да се пофалат со целосно дигитална инструментална табла

Таа ќе биде достапна како опција со доплата. Сега 10,25-инчниот дисплеј овозможува целосна индивидуализација во три различни режими Classic, Digital и Dynamic. Во зависност од изборот на режимот, информациите за возилото и навигацијата се проектираат во различни пропорции. Резолуцијата е 1.280 x 480, а возачот може само да ја прилагоди јачината на светлоста.

Во автоматскиот режим тоа нема да е потребно, бидејќи таблата се контролира од сензорот за светлина.

Digital Cockpit прво се појави во најлуксузните модели на концернот VAG, но подоцна се имплементира и во модели на Skoda и SEAT. Овој процес се очекува да продолжи и во наредните остварувања на концернот.

Ibiza и Arona

Поврзани вести

Back to top button