fbpx

Доаѓа и целосно електричниот Volvo XC40

Како прв целосно електричен модел на брендот и втор на Volvo групацијата, електричниот XC40 доаѓа кон крајот на годината

Компанијата соопшти дека до крајот на годината ќе ја претстави и целосно електричната верзија на атрактивниот Volvo XC40. Вклучувањето на целосно батериски погонувана изведба на компактниот SUV ќе претставува клучен чекор на брендот кон трендот на електрификација, кој цели кон остварување на пола од својата глобална продажба до 2025 година, сочинета од електрични возила.

Минатиот месец од Volvo изјавија дека малиот SUV ќе добие и два дополнителни plug-in хибридни опции, во варијанта на T5 и Т4 изведбите.

Електричниот XC40 ќе биде првиот батериски погонуван модел на шведскиот производител и второ целосно електрично возило на Volvo Car Group. Првиот модел на групацијата беше Polestar 2, претставен на саемот во Женева изминатиот месец. И двете електрични возила треба да се појават до 2020 година.

Volvo XC40

Двата целосно електрични модели ќе се засноваат на компактната модуларна архитектура CMA, која Volvo ја разви со кинеската сестринска компанија Geely. Оваа архитектура исто така претстаува основа и на дел од моделите на кинеско-шведскиот автомобилски бренд Lynk & CO, кој е под сопственост на Geely Holding Group. Тука се вбројуваат моделите 01, 02 и 03, чија комбинирана продажба во Кина минатата година достигна бројка од 120.000 примероци, што претставуваше доволен поттик за компанијата да посака да се прошири и на европскиот пазар. Тие планираат отворање на нови салони во пет европски земји следната година.

Генералниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, изјави дека компанијата очекува хибридните изведби на XC40 да сочинуваат дури 25 проценти од глобалната продажба на моделот. Во моментов, во целокупната глобална продажба на брендот со 10-15 проценти влегуваат и plug-in хибридните модели.

Поврзани вести

Back to top button