fbpx

Целосно електричниот Porsche Macan лансиран на македонскиот пазар

На специјален настан одржан во Скопје, во организација на Порше Македонија, лансиран е новиот и целосно електричен Macan, a покрај ова, настанот беше искористен и за да се прикаже првиот ЕВ на марката, моделот Taycan, нагласувајќи ја посветеноста на Porsche за електрификација и одржливата иднина.

Секако, на самиот настан, покрај перформансите и беспрекорната организација, се одвиваше и детална презентација во живо на новиот Macan.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите.

„Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV. Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил – тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“

Porsche Macan EV

„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост. “ – изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.

Porsche Macan EV

Со лансирањето на Macan, Porsche јасно го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти и на македонскиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button