fbpx

Целосно новиот Focus во најмоќно издание досега

По извршените тестови на прототипната изведба, Ford ни ја претстави ST изведбата на новиот Focus, која доаѓа со моќност од 276 коњски сили

Верувале или не, ова е четвртата генерација на Focus ST, која воедно претставува и најбрза досега. Како што веќе ни е познато, Ford е посветен на зголемување на моќноста на секоја наредна спортска генерација на својот предводник во Ц-сегментот. Овој пат, добиваме и дизел верзија.

Новиот Focus ST е достапен со два погонски агрегати и два стилски пакети. Најглавната промена во погонскиот сектор е замената на досегашниот 2,0 литарски турбо бензински мотор, со новиот и помоќен  2,3 литарски турбо мотор кој испорачува моќност од 276 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm. Со ова се добива 12 проценти поголема моќност и 17 проценти поголем вртежен момент од претходната бензинска единица.

Focus ST

Focus

Според производителот, благодарните на новата погонска единица, овој хечбек ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за помалку од 6 секунди. Овие перформанси убедливо го рангираат над ривалите Renault Megane RS и Hyundai i30N, а секако и над актуелниот шампион во класата, Honda Civic Type R.

Бензинскиот ST за прв пат ќе ја искористи предноста на електронски ограничениот лизгачки диференцијал (eLSD), кој ќе му ја подобри влечната сила и стабилноста, како и изборните возни режими.

Погонскиот асортиман на новиот ST покрај бензинскиот, нуди опција и на дизел мотор, кој претставува 2,0 литарски EcoBlue турбо агрегат. Со излезна моќност од 187 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, тој претставува најмоќниот дизел мотор кој некогаш бил опремен во Focus.

Focus ST

Focus

Двете погонски единици ќе може да бидат придружувани од кратко-одниот шест-степен рачен или опционалниот седум-степен автоматски менувач. Автоматскиот менувач ќе доаѓа со опцијата Adaptive Shift Scheduling, која ги проценува индивидуалните стилови на возење со цел да го оптимизира времето на пренос на менувачот според потребите на возачот.

Како и стандардниот Focus, новиот ST е базиран на целосно новата C2 архитектура, со додадени уникатни конфигурации на системите за потпирање и сопирање, но и на моторите. Од Ford изјавија дека ова би требало да резултира со најефикасно и најагилно искуство досега при управување со Focus ST, како на патот, така и на патеката. Исто така, тука е и системот за континуирано контролирано потпирање (CCD), кое е дел од стандардната опрема кај сите EcoBoost модели со пет врати и ја подобрува независната конфигурација на суспензијата на задната оска.

Поврзани вести

Back to top button