Цената на автомобилите се зголемува поради новите тестови за емисии?
Новите европски тестови за штетните емисии бараат огромни ресурси и најверојатно ќе доведат до зголемување на цените на новите автомобили, тврдат експерти од индустријата
Промени во методологијата за тестирање се наметна, откако се крена голема прав за неколку скандалозни открија со емисијата на дизелските агрегати на повеќе производители, како и сомневањата за податоците за емисии и потрошувачка на гориво декларирани од фабричките лаборатории и спроведените реални мерења од проверени институции и агенции. Затоа од 1 септември минатата година Европската унија ја напушти старата методологија за тестирање NEDC и воведе две нови: WLTP и RDE.
Првата претставува софистициран лабораториски емисиски тест за секој нов модел, а втората Real Driving Emissions (емисии при реално возење), ги мери показателите при нормално возење и тоа во секакви услови (надморска височина, различни температури, различен товар на автомобилот, градски, планински патишта…).
Единствениот проблем е дека новите тестови бараат двојно повеќе време и работа од досегашните, а како објаснуваат претставниците на секторот, низ новите проверките треба да поминат не само новите модели, туку и веќе презентираните на пазарот – по два теста за секоја различна модификација.
Повеќето производители имаат во просек по 25 различни модели во гамата, секој со минимум десетина модификации според погонот, типот на каросеријата и слично. Згора на тоа, во повеќето земји од ЕУ оданочувањето е направено за стапки на емисиите по стариот стандард NEDC, па штом еднаш бидат направени новите тестови, тие потоа треба да се пресметаат според новите регулативи.
Цената за сето ова е висока и некои производители веќе признаваат дека размислуваат за прилагодување на цените.
Други планираат да го намалат бројот на модели и модификации понудени на пазарот, што само по себе ќе ги намали давачките. Прашањето е, дали и овој пат не се оставени дупки во системот, така што по две-три години тој повторно да се менува фундаментално. Цената за сите дополнителни дејности, како и секогаш, се разбира, ќе ја плаќаат на крај потрошувачите.