fbpx

На CES во Азија, Byton го покажа својот иден електричен седан

За време на технолошкиот саем CES во Азија, во Шангај, стартап компанијата од Кина, Byton, со која управуваат поранешни кадри од BMW и Tesla, има светска премиера на својот втор проект K-Byte Concept

Тоа е електричен седан, кој доаѓа по лансирањето на кросоверот на почетокот на годинава. Двете машини засега постојат како концепциски развој. Двата прототипа се изградени на единствена модуларна платформа која ќе послужи како основа за развој и на идниот електричен миниван. Седанот доби ознаката K-Byte (кросоверот ќе го носи името M-Byte) и е со должина од 4,95 метри и располага со цел арсенал на сензори, камери и системи, благодарение на кои е можна реализација на функцијата автопилот со четврто ниво на автономија.

Засега не се објавени фотографии од ентериерот на седанот, но од Byton потврдија дека сериската верзија на ел-мобилот, како и кросоверот ќе добијат голем (по целата ширина на предниот панел) дисплеј за мултимедијалниот состав, како и подвижен таблет на воланот. Техничките карактеристики на седанот веројатно ќе бидат идентични со оние во Byton M-Byte.

Првичната верзија ќе добие погон на задната оска и моќ од 268 К, со и батерија со капацитет од 71 kW / h за 400 km со едно полнење. Топ варијантата ќе биде со еден електромотор на секоја оска со вкупна моќ 468 „коњи” и батерии со 95 kW/h со автономија од 520 километри.

Првите прототипови од Byton ќе излезат на тестови на пат следната година.

Поврзани вести

Back to top button