fbpx

Charging Hub на Audi е „бензинската“ на иднината

Audi планира да лансира повеќе од 20 електрични возила од 2025, а во компанијата се свесни дека мора значително да ја подобри полначката инфраструктура

Германскиот производител најави дека до 2025 година во своите планови има да лансира 20 целосно електрични модели. Но, за нивниот план и продажбата да бидат успешни, потребно е сериозно унапредување на полначката инфраструктура. Со оглед на тоа, компанијата го претстави Audi Charging Hub кој се смета за „концепт за брзо полнење за премиум електромобилност“.

На некој начин футуристичка „бензинска“ станица, овој Charging Hub има електрични полначи на првото ниво, а на горниот дел се наоѓа лаунџ простор. Истиот ќе наликува како оние кои се наоѓаат на аеродромите и се наменети за патниците во висока класа. Со цел полнењето да биде опуштено искуство во кое сите ќе уживаат, Audi го опреми својот лаунџ со голем број занимливости.

Зад сето ова се наоѓа многу технологија и паметно размислување. Всушност, овој Charging Hub ги пренаменува литиум-јонските батерии од развојните возила и овозможува станицата да складира значителна количина на енергија. Ова ја елиминира потребата од високо-волтаични линии и скапи трансформатори.

Овој Charging Hub е замислен да има 2,45 mWh складирана енергија како и шест полначки позиции со максимален капацитет од 300 kW. Со оглед на тоа дека само стандардната 400-волтна конекција е потребна, Audi вели дека Charging Hub може да биде инсталиран на различни местса без дополнително планирање и подготовка.

Првата станица доаѓа до крајот на годинава

Charging Hub на Audi е сочинет од „контејнерски коцки“ кои овозможуваат „максимална флексибилност и приспособливост. Исто така, тие овозможуваат центрите да бидат „транспортирани, инсталирани и прилагодени на различни локации во голема мера независни од локалната мрежа“.

Charging Hub

Ова не е само теорија, со оглед на тоа дека Audi планира да започне пилот проект во Германија. Производителот во моментов разговара со потенцијални партнери за локација за инсталирање на нивниот прв Charging Hub.

Доколку се помине по планираното, овој Hub ќе биде отворен подоцна во текот на годината. компанијата ќе ги следи секојдневните операции и ќе собира информации од клиентите за да заклучи дали дополнителни станици ќе бидат изградени. Освен тоа, производителот ќе дозволи и луѓе кои не се сопственици на Audi да ги користат полначите и делови од лаунџот.

Поврзани вести

Back to top button