Chevrolet Niva не Lada Niva
Легендарниот теренец Lada Niva од 2006 година ја доби ознаката Lada 4x4
Славното име Niva го понесе теренецот Chevrolet Niva, модел кој е развиен од GM-AvtoVAZ најголемиот руски произведувач на автомобили. Chevrolet Niva е развиен пред 20 години како замена на култната Lada Niva. На почетокот на милениумот „оригиналот” сеуште добро се продавал, па затоа новоразвиениот автомобил го понел знакот Chevrolet.
Според луѓето кои имале прилика да го пробаат овој автомобил го опишуваат како теренец од стариот ков. На off-road терените не заостанува зад оригиналната Niva, додека во град е доста удобен и економичен. Визуелниот идентитет на Chevrolet може да се забележи кај овој автомобил со должина од 4048 mm.
Останатите карактеристики се превземени од Lada 4×4, односно автомобилот носи 1.7 литарски бензински мотор со 80 коњски сили и погон на четири тркала. Дотераната верзија доаѓа со нов мултимедијален систем кој поседува екран осетлив на допир, USB конектор, вградена навигација.