fbpx

Чудовиштето на TechArt од 0-100km/h за само 2,5 секунди

Пред официјалната премиера во Женева, германскиот тјунер TechArt се пофали со својот нов проект, Porsche GTstreet RS со 759 коњски сили

Веќе сме слушнале за германската автомобилска компанија TechArt, која се занимава со стилско и перформансно подесување и модифицирање на речиси сите модели од гамата на Porsche. Овие модификации освен на перформансите, се однесуваат и на внатрешноста како и надворешноста на возилата. Нивниот нов проект GTstreet RS се заснова на моделот Porsche 991.2 Turbo S, а ќе биде достапен во ограничено издание од само во десет примероци.

Овие тјунинг специјалисти успеаа да извадат дополнителни 187 коњски сили од 3,8 литарскиот шест-цилиндарски турбо мотор, со помош на ново развиените турбо полначи со променлива геометрија. Крајните резултати се навистина восхитувачки: конечна моќност од 759 коњски сили и вртежен момент од 920 Nm. Благодарение на ова, GTstreet RS од 0 до 100 km/h забрзува за неверојатни 2,5 секунди, од 0 до 200 km/h за 8,1 секунди, при што максималната брзина му е ограничена на 340 km/h.

GTstreet RS
1 |  
2 |  
3 |Techart 

     

    „Сепак, на специјален терен наменет за тестирање при големи брзини и притоа опремен со специјално хомологирани спортски пневматици, новиот перформансен пакет на TechArt GTstreet RS овозможува овој автомобил да достигне брзина од околу 360 km/h“, изјави Стивен Рац, технички извршен директор на TechArt.

    Перформансниот пакет вклучува и одредени модификации по надворешноста кои влијаат на аеродинамичноста, односно обезбедуваат дополнителна притисна сила без притоа да го променат коефициентот на отпорот на воздухот. Задниот спојлер може дополнително да се извлече и да се прилагоди за 15 степени, додека тркалата со централен навој се специјална верзија на дизајнот на Formula IV TechArt.

    GTstreet RS

    Сите десет GTstreet RS модели ќе го добијат својот број од ограниченото издание впишан на предниот капак. Задното и задните странични прозорци се изработени од Corning Gorilla лесните стакла, а задниот дифузер е биде изработен од јаглеродни влакна. Тој е придружуван од четири титаниумски издувни цевки со вградени клапни, кои се електронски контролирани со цел да се регулираат различните нивоа на бучава.

    Што се однесува до внатрешноста, TechArt ја има преработено возачката кабина со употреба на алкантара, кожа и вистинска волна. Патосниците, контролната табла, централниот тунел, централната конзола, штитниците за сонце, вратите и покривната обвивка се покриени со алкантара. Панелите на вратите и седиштата се преработени во комбинација на кожа, алкантара и волна, додека пак декоративните детали како тримот, може да се обојат по желба на купувачот. Во интериерната модификација спаѓа и поставувањето на заштитната рамка.23

     

    Поврзани вести

    Back to top button