Реновираниот Citroen Cactus е без Airbumps, но со многу нови технологии
По помалку од четири години на пазарот, Citroen C4 Cactus беше освежен од францускиот производител
Најголемата новина кај моделот е дека тој ги „загуби“ големите воздушен гумени заштитни елементи, кои го заземаа централниот дел во дизајнот. Всушност, т.н. Airbumps не исчезнаа целосно, туку се позиционирани во долниот крај на страничните врати и имаат помала големина од порано.
Сепак, Французите се убедени дека ова нема да влијае на изборот кај купувачите. Во преден план за секој клиент, кој ќе може да избере соодветен модел за себе, ќе бидат вкупно девет екстериерни бои и пет дизајни на тркалата, кои формираат прилично богата палета на можности. Што се однесува до погонот, бензинските мотори располагаат со моќност од 82 до 130 КС. Додека кај дизел варијантите од 100 и 120 КС. Целосно преработен е 6-брзинскиот автоматски менувач.
Вкупно 12 асист- системи на возачот можат да бидат во составот на опремата, во зависност од нарачката на клиентот. Меѓу нив се автоматска итна сопирачка, статични светла за вртење, камера за паркирање, системот за помош на поаѓање на нагорнина…
Продажбата на обновениот модел почнува од пролетта на 2018 година, а освен оваа информација од компанијата пристигна и соопштението дека ќе престане производството на популарниот компактен модел – C4. Информацијата беше потврдена од шефот на Citroen, Линда Џексон. Сегашната генерација на C4 дебитира во 2010 година на салонот во Париз, а за некои пазари како Русија и Кина моделот беше достапен и како седан. C4 дојде како наследник на еден мошне успешен модел на Citroen во компактната класа – Xsara.