fbpx

Citroën го претстави My Ami Cargo

Малиот електричен градски автомобил на Citroën сега доби и специјална верзија наменета за професионалците наречена My Ami Cargo

Ограничувањата поврзани со градското возење, потребата за решение со нула емисија и значителниот раст на потребата за испорака на пратки се сите елементи што го наведоа Citroën да го развие My Ami Cargo, комерцијална верзија на моделот Ami. Тоа е идеално решение, електрично, лесно за управување, практично и економично, нудејќи им на професионалците смиреност при организација на работата, со решение што досега не постоеше.

Со претставувањето на My Ami Cargo, Citroën носи една нова иновација за професионалците воведујваќи уникатно и паметно електрично решение за испорака, нудејќи ги сите придобивки од Ami и вкупен корисен волумен од преку 400 литри и корисна носивост од 140 kg благодарение на оптимизиранот модуларен простор во делот кај совозачкото седиште.

My Ami Cargo

My Ami Cargo е соодветен и модерен одговор за грижите на локалните услужни компании, услуги за испорака, трговци, занаетчии, трговци-поединци, локални власти и административци, па дури и производители. Малото електрично комерцијално возило комбинира корисна носивост, функционалност на подвижна канцеларија и придобивки од електричната мобилност. Не треба да се заборави и нултата емисија на CO2 која овозможува слободен пристап до зоните со рестрикција, онаму каде што истите постојат. Предност на My Ami Cargo e лесното полнење за само 3 часа на стандарден приклучок.

Уникатно решение за професионалците

Оваа верзија чини 400 евра повеќе од верзијата Ami Ami, а притоа нуди поголема заштита од судири и лоши временски услови, подобрен капацитет за товарење во споредба со возила на 2 или 3 тркала, а од Citroën велат дека се покажал како поагилен во споредба со комерцијалните возила од повисок сегмент. Тоа е пред се благодарение на ултра-компактна форма и карактеристики за управување на пат. Лансирањето на оваа комерцијална изведба на минијатурното електрично возило е закажано крајот на мај, заедно со иновативното дигитално искуство, создадено за Ami преку наменска веб страна за продажба, ќе биде отворена за My Ami Cargo со поврзани понуди и услуги достапни за професионалците.

My Ami Cargo

Со доаѓањето на комерцијалниот модел, My Ami Cargo, иновативното економично решение на пазарот, во целост електрично, ултра-компактно и дизајнирано да излезе во пресрет на потребите на професионалците, од испорака на мали пакети на кратко растојание во урбани средини, па до патување од град до град.

„My Ami Cargo нуди генијално решение за новите предизвици на професионалците, кои имаа потреба да пренесуваат добра во возило што е паметно, функционално, електрично и економично. Се одликува со конвенционален и модуларен корисен волумен, нудејќи и решение за електрична мобилност што е агилно, безбедно и уникатно. Тоа е возило кое обезбедува конкретно решение во испорака во последен km, особено кога станува збор за мали пратки, чијшто волумен во последните месеци се зголемува во нагорна линија. My Ami Cargo претставува вистински деловен потенцијал, според првичното мислењето на различните деловни партнери со кои остваривме контакти. Оваа понуда ја комплетира програмата на Citroën за комерцијални возила, каде сега секој модел нуди и електрична верзија“, истанка Лоренс Хансен, директор за производство и стратегија во Citroën.

Поголем капацитет во препознатлива форма

Во My Ami Cargo, Citroën создаде модуларен товарен простор веднаш до седиштето на возачот, за пренос на пратки, пошта, алат и предмети од секаков вид, целосно безбедно. My Ami Cargo на тој начин нуди функционален простор за складирање комбиниран со придобивките на електрично возило. Нуди поголема заштита во споредба со возила на две или три тркала и дава можност за поголема агилност отколку лесните комерцијалните возила од повисок сегмент, благодарение на ултра-компактната форма и лесниот начин на управување.

My Ami Cargo е погоден за урбани услуги за испорака, особено со растот на е-трговијата и со достава на храна до својот дом, односно новата реалност која се наметна со глобалната ситуација во последните година дена. Станува збор за корисно решение за многу други намени, вклучително и локални услужни фирми и трговци-поединци. My Ami Cargo е наменет за индустриски подрачја, каде одреден број на вработени реализираат повеќекратни посети од една структура до друга за достава на документи, алат, мала опрема и слично, за повеќе намени и инфраструктури во туризмот, како што се кампови, со што се прави значителен број на кратки патувања на дневна основа со цел информирање или помош за своите клиенти.

И покрај промените, My Ami Cargo го задржува карактеристичниот изглед на Ami, кој изнудува привлечност на прв поглед. Промените се видливи во внатрешноста, со распоред во патничкиот дел со 260 литри дел за складирање, кој може да прими корисна носивост од 140 kg, благодарение на замена на совозачкото седиште со модуларна заштитна кутија составена од 7 пропиленски делови.

Дополнителни додатоци

„Инспириран од верзиајта дизајнирана за поединци, My Ami Cargo ја задржува идејата која беше водечка за дизајнот на Ami (може да се вози со навршена возраст од 14 години, економичен, агилен и погоден за урбано управување, со периферна видливост и електричен мотор). Токму затоа ние создадовме иновативна внатрешност, што ни овозможува да имаме уникатна понуда на пазарот, а задржувајќи ја при тоа едноставноста и интелигентниот дизајн на Ami“, изјави Тиери Мишел, директор на проектот Ami

My Ami Cargo им овозможува на клиентите да го прилагодуваат своето возило согласно нивните желби. Широка палета на дополнителна опрема во понуда: мрежа на вратите, патосници, прегради за складирање, држачи за смарт телефони, куќиште DAT@MI за поврзување на паметни телефони, го прават My Ami Cargo да биде пофункционален. Соодветна опрема за чување на предметите при отворање на вратата на совозачот: мрежа за држење на товар е поставена вертикално на страната на товарниот дел. Овие додатоци се достапни на страната misterauto.com, практичен и брз начин за нарачка на артиклите што ќе ви бидат директно доставени до вашиот дом или работно место. Страната е достапна и преку апликацијата My Citroën.

Почетната цена на Citroën My Ami Cargo во Франција ќе биде 6.490 евра со вклучени субвенции.

Поврзани вести

Back to top button