fbpx

Citroen кон крајот на годината ќе го прикаже револуционерниот концепт

Раководните лице на францускиот бренд Citroen открија интересни детали за иднината на компанијата

Минатата недела шефот за развој на производите го потврди лансирањето на нова голема лимузина. Овој пат, раководителот на одделението за дизајн на Citroen, Пјер Леклер, открива дека компанијата подготвува нешто специјално. „Имаме изненадување кое ќе го запознаете кон крајот на годината. Тогаш ќе претставиме нешто револуционерно, иако се уште во концептна форма“.

Со оваа изјава Пјер Леклер ја подгрева мистеријата во врска со најавениот прототип. Се претпоставува дека концептот е чуван за презентација на Салонот за автомобили во Париз, кој сепак е откажан во својата традиционална форма. Причината е пандемијата на коронавирусот, а настанот ќе добие сосема нов карактер.

Главниот дизајнер на Citroen потсети деа премиерата на новиот C4 ќе се случи во текот на летото. Тој изнесе и неколку интересни информации дека изгледот на новитетот кој наскоро ќе го видиме веќе бил одлучен во моментот на неговото доаѓање во компанијата, но истовремено истакна и дека истиот му се допаднал, односно дека „останал пријатно изненаден“, кога се запознал со истиот.

Поврзани вести

Back to top button