fbpx

Citroën со нов футуристички концепт

Citroën откри информации за целосно новиот концептуален развој 19_19 кој се јавува како продолжување на темата, која француската марка ја постави во февруари со Ami One Concept

Додека главниот акценти кај Ami One беше иновативната урбана мобилност, тогаш кај исклучително футуристичкиот концептуален развој 19_19 од Citroën вложуваат се на удобноста и зголемената километража во чист електричен режим, кои се одлични предуслови за нова авантура надвор од градот.

Концептот 19_19 располага со целосно електричен погонски систем кој ветува километража со едно полнење од 800 километри, а во однос на возење, од француската марка велат дека концептот е како магичен килим, благодарение на иновативната суспензијата Progressive Hydraulic Cushions со активна контрола, како и на систем за автономна контрола со интегриран персонален асистент.

„Концептот 19_19 е нашата технолошка и иновативна визија за автомобилската иднина“, коментира Линда Јансен, извршен директор на Citroën. „Тоа ги задржува основните елементи кои ги градеше Citroën во последните 100 години. Како бренд кој ги слуша своите клиенти и систематски се фокусира на човечкиот аспект“.

https://youtu.be/n0_h_6-g7YM

Светската премиера на концептуалниот развој Citroën 19_19 ќе се одржи на 16 мај за време на VivaTech во Париз.

Поврзани вести

Back to top button