Женева 2019: Citroen ќе го претстави Ami One Concept (Видео)
Citroen ја објави првата информација за целосно новиот концептуален развој Ami One Concept, кој ќе дебитира на штандот на марката на меѓународниот саем во Женева на почетокот на следниот месец.
Освен со футуристички, но исклучително свеж, дизајн и конструкција, 100% електричниот концепт на Citroen, развиен во чест на 100-годишнината на брендот, се одликува и со тоа што треба да предложи стабилната градска мобилност, бидејќи за возење не му е потребна возачка дозвола.
Од Citroen изјавија дека Ami One Concept ќе дебитира со иновативен глобален дигитален екосистем, промовирање едно модерно, радосно и широко достапно искуство за мобилност, придружено со постигнувањето на врска помеѓу корисникот и возилото и зајакнато преку специјалната врска преку апликација за мобилен телефон.
https://www.youtube.com/watch?v=b6iTZXOfJr0
Концептот Ami One има димензии од 2,5 метри во должина, 1,5 метри во ширина и 1,5 метри во висина, а неговата тежина е 425 килограми. Највисоката брзина на концептот е 45 km/h, а автономијата е 100 километри. Полнењето на интегрираната литиум-јонска батерија може да се направи во рок од околу 2 часа.