fbpx

Кристијано Роналдо ќе рекламира кинески кросовери

Компанијата Wey, која е на пазарот од 2016 година и е именувана по творецот и сопственик на Great Wall, чии модели веќе се продаваат на кинескиот пазар, подготвувајќи се за офанзива во САД, Австралија и Европа, подготвува вистинско изненадување

Првичните планови на кинескиот производител на луксузни возила е да влезе на европскиот пазар во 2020 година, а 12 месеци потоа да се обиде да ја потчини и Америка. За таа цел, Great Wall, најавува интересна кампања каде во главната ролја ќе биде несомнено еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов, играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо

Португалскиот репрезентативец официјално потпиша договор со Кинезите, со специфични рокови и финансиски параметри кои секако не се обелоденуваат. Рионалдо веќе беше дел од промоцијата на компанијата во главниот град на Шпанија, каде што позираше со еден од шефовите на Great Wall, заедно со црвениот Wey VV7 со турбополнач од 2.0 литри со 235 КС. Се очекува дека новата рекламна кампања во Европа ќе започне пред почетокот на Светското првенство, кое започнува во јуни во Русија.

Интересно, Wey е спонзор на преносите за Кина, само пред еден ден потпиша договор со локалниот телевизиски радиодифузер CCTV.

Кристијано Роналдо

Поврзани вести

Back to top button