fbpx

Cupra e-Racer ја започнува новата ера на електрични авто-трки

Новиот e-Racer со чисто електричен погон и без капка гориво, до одлични тркачки перформанси

Кој рече дека електирчните возила се само за по градските улици а не и за на тркачките стази? Новиот e-Racer ја побива оваа теза со одличните перформанси и целосно електирчниот погон. Идејата за електирчни возилата како дел од мотоспортот се докажа дека не е само дел од оние минливите.

И покрај тоа што електирчните трки претставуваа нешто од далечната иднина, сепак тие денес полека се приближуваат. Доказ за ова е Formula E, која започна во 2014 година, а веќе е во својата четврта сезона. Овој викенд започна новата серија на уште еден ваков вид на авто-трки, одсносно ETCR.

Првата демо серија беше одржана за време на финалето на TCR Europe, на патеката во Каталонија во Шпанија, каде новиот Cupra e-Racer дебитираше пред публиката.

Првото првенство на ETCR беше најавено од страна на организаторите на серијата WSC Technology, за 2020 година. До тогаш на производителите на возила ширум светот им се дава доволно време да дизјанираат еден ваков автомобил, со што ETCR би претставувал мулти-бренд шампионат. ETCR ги применува единиците за електрична енергија на истиот шасиски концепт на TCR автомобилите.

Со ова, веќе е привлечено вниманието на поголем дел од производителите, кои се заинтригирани од ваквата идеја за враќање на улогата на мотоспортот како платформа за истражување и развој каде ќе се пренесуваат разни искуства и иновации на стандардните производи.

“Нашата крајна цел е да и покажеме на публиката дека електричните автомобили се исто толку забавни како оние со мотор со внатрешно согорување”, изјави шефот на WSC Марчело Лоти.

e-Racer

 

Новиот e-Racer е базиран на моделот Leon Cupra TCR, но со помоќен и целосно електичен погон. Доаѓа со моќност од 330 коњски сили и многу поголем потенцијал од конвенционалната верзија. Исто така е и потежок за околу 400 килограми, што се должи на големите батерии, но сепак нема проблем при забрзувањето, па така до 100 km/h достигнува за импресивни 3,2 секунди, додека пак 200 km/h достигнува за време од дури 8,2 секунди.

Директорот на Cupra Rasing изјави дека се горди со тоа што се едни од првите производители кои електровозилата ги водат во правец на мотоспортот. Како главен предизвик во оваа област ја сметаат рамнотежата помеѓу моќноста и опсегот, со што сето ова е уште поинтересно.

e-Racer

Поврзани вести

Back to top button