fbpx

Czinger 21C ја доби својата продукциска верзија

Во 2020 година компанијата Czinger го претстави хиперавтомобилот 21C кој најавуваше неверојатни перформанси, а по речиси една година продукциската верзија пристигнува

Компанијата Czinger, чие седиште се наоѓа во Калифорнија, го претстави својот прв модел во 2020 година. Моќниот Czinger 21C беше најавен со спектакуларни перформанси, речиси премногу добри за да бидат вистинити. Но, компанијата оттогаш вложи големи напори за да ги достигне своите цели, за конечно да ја претстави продукциската верзија на хиперавтомобилот кој ги исполнува најавените перформанси.

Компанијата Czinger, чие седиште се наоѓа во Калифорнија, го претстави својот прв модел во 2020 година. Моќниот 21C беше најавен со спектакуларни перформанси, речиси премногу добри за да бидат вистинити. Но, компанијата оттогаш вложи големи напори за да ги достигне своите цели, за конечно да ја претстави продукциската верзија на хиперавтомобилот кој ги исполнува најавените перформанси. Czinger C21 се соочи со голем број унапредувања во однос на моделот кој беше прикажан минатата година, а тоа вклучува и поголема максимална брзина, но и други промени кои дополнително ги засилуваат перформансите. Според компанијата, моќноста се извлекува од хибридниот систем кој комбинира два електромотори со битурбо 2,88-литарски V8 мотор развиен од страна на компанијата. Вкупната моќност изнесува 1.267 КС, што е многу ако се земе предвид дека автомобилот тежи 1.240 килограми. Оваа комбинација му овозможува на хиперавтомобилот да има феноменални перформансни бројки благодарение на погонот на сите четири тркала. Од нула до „стотка“, моќниот Czinger 21C стигнува за 1,9 секунди, што е побрзо дури и од новиот Rimac Nevera. На 21C му се потребни 13,8 секунди за да достигне брзина од 300 километри на час, додека до 400 км/ч му се потребни 21,3 екунди. Една разлика во однос на оригиналниот модел е максималната брзина која е зголемена од 423 на 452 километри на час, која може да се достигне со опционалната Vmax конфигурација. Од Czinger најавуваат дека ќе има и достапно унапредување од 100 КС, со што автомобилот ќе добие 1.350 КС. Инаку, погонскиот склоп е во комбинација со ултра лесен седумстепен автоматизиран мануелен менувач, а хиперавтомобилот е дизајниран да користи голем број на различни типови на гориво, вклучително и карбонски рециклиран метанол и други е-горива. Покрај неверојатните перформанси, една од најуникатните работи околу 21C е начинот на кој е направен. Преку компјутациско инженерство, секој дел од автомобилот е дизајниран и оптимизиран од вештачка интелигенција со цел да биде што е можно полесен, по што делот е „оживеан“ преку 3D печатење. По ова, возилото се склопува во патентираниот продукциски систем на Czinger, кој содржи автоматизиран систем на роботски раце кои работат во тандеми за да ги спојат парчињата на возилото со екстремна прецизност. Овој метод на производство во целина овозможува 21C да има навистина уникатни дизајнерски елементи. Czinger 21C ќе биде ограничен на само 80 единици и е првиот во серијата на „ексклузивни перформансни возила“ кои ќе бидат произведени од американскиот производител

Czinger C21 се соочи со голем број унапредувања во однос на моделот кој беше прикажан минатата година, а тоа вклучува и поголема максимална брзина, но и други промени кои дополнително ги засилуваат перформансите. Според компанијата, моќноста се извлекува од хибридниот систем кој комбинира два електромотори со битурбо 2,88-литарски V8 мотор развиен од страна на компанијата. Вкупната моќност изнесува 1.267 КС, а моторот е во комбинација со ултра лесен седумстепен автоматизиран мануелен менувач.

Од нула до „стотка“, моќниот Czinger 21C стигнува за 1,9 секунди, што е побрзо дури и од новиот Rimac Nevera. На 21C му се потребни 13,8 секунди за да достигне брзина од 300 километри на час, додека до 400 км/ч му се потребни 21,3 секунди. Една разлика во однос на оригиналниот модел е максималната брзина која е зголемена од 423 на 452 километри на час, која може да се достигне со опционалната Vmax конфигурација.

Покрај неверојатните перформанси, една од најуникатните работи околу 21C е начинот на кој е направен. Преку компјутациско инженерство, секој дел од автомобилот е дизајниран и оптимизиран од вештачка интелигенција со цел да биде што е можно полесен, по што делот е „оживеан“ преку 3D печатење. По ова, возилото се склопува во патентираниот продукциски систем на Czinger, кој содржи автоматизиран систем на роботски раце кои работат во тандеми за да ги спојат парчињата на возилото со екстремна прецизност.

 

Поврзани вести

Back to top button