fbpx

Dacia Bigster концептот стана Renault Grand Duster

Renault групацијата неодамна ги сподели своите планови за сите свои брендови за следните години, со што беше претставен и Dacia Bigster концептот

Dacia ќе ја прошири својата понуда со нов SUV „знаменосец“ кој ќе биде поголем од она што досега го имаше во поставата. Новиот модел, покрај останатите кои што се најавени, ќе треба да пристигне кон средината на оваа деценија, а за таа цел беше претставен Dacia Bigster концептот кој ќе биде поставен над Duster, со што ќе ја предизвика конкуренцијата по многу поповолна почетна цена.

Но, до тогаш треба да почекаме уште некоја година, а во меѓувреме KDesign сподели интересни студии во кои Dacia концептот е направен како Renault, со тоа што решетката е инспирирана од Koleos, додека браниците јасно укажуваат на влијанија од Dacia.

Dacia Bigster 1 | Dacia Renault
Renault Grand Duster 2 | Dacia Renault

    Хаубата е помалку агресивна, ретровизорите се позаоблени, а рачките на вратата имаат многу пореалистиче ндизајн. Тркалата исто така се нови, но тука завршуваат сите промени, а остатокот од рендерот за овој Renault е буквално копија од Dacia Bigster, вклучително и големите пластични облоги на долниот дел од каросеријата, масивните задни крила и покривниот спојлер.

    Dacia Bigster 1 |
    Renault Grand Duster 2 |

      Продукцискиот модел секако дека воопшто нема да изгледа вака, а иако за дизајнот во моментов не знаеме ништо, освен тоа што можеме да го видиме од студијата, познато е дека ќе ја споделува CMF-B платформата со најновите Logan и Sandero, како и со Renault Clio, Captur, Nissan Juke и Note. Според наводите, опсегот на мотори ќе вклучува барем еден хибрид, заедно со неколку бензински единици и веројатно LPG и/или CNG верзија, додека дизелот отпаѓа целосно.

       

      Поврзани вести

      Back to top button